Да го зачуваме македонскиот јазик - за нас, нашите деца и нашата иднина

Македонскиот јазик живее во книгите, ракописите, писмата, дијалектите и говорот на нашиот народ. Со Везилка, секој може да помогне тие богатства да станат достапни во дигиталниот свет.

12 929+
Донирани текстови
3 250+
Донирани ракописи
8 130+
Донирани гласовни снимки
1 552+
Луѓе што донирале

Како можете да донирате?

Секој труд, есеј, семинарска работа, дипломска, магистерска, докторска дисертација или авторски текст што стои зачуван на вашиот компјутер може да има нова вредност. Со негово споделување, помагате да се создадат дигитални ресурси што ќе го зачуваат, развиваат и промовираат македонскиот јазик.

Прикачете ги вашите материјали како PDF или обичен текст и придонесете кон поголема дигитална застапеност на македонскиот јазик.

Донирајте денес. Секој збор значи.

Секој збор е важен. Секоја донација е вредна.

Стани дел од заедницата која го чува македонскиот јазик. Твојата донација ќе биде наследство за следните генерации.