Услови за користење
1. Вовед
Добредојдовте на платформата Везилка, проект на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со седиште на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 16, Скопје, Република Северна Македонија, тел. за контакт 02/3070 377, веб-локација: www.finki.ukim.mk
Со користење на платформата, отворање сметка или испраќање придонес, потврдувате дека ги разбирате и прифаќате овие услови.
2. Цел на платформата
Везилка е платформа за зачувување, дигитализација и развој на македонскиот јазик. Преку придонеси од заедницата се создаваат јазични ресурси што може да се користат за образование, истражување, дигитални архиви, јазични технологии и системи за вештачка интелигенција.
3. Видови придонеси
Придонесите може да вклучуваат текст, исправки на автоматски препознаен текст, транскрипции, ракописи, скенирани документи, фотографии од документи, аудио снимки, податоци за дијалект или други јазични материјали што доброволно се доставуваат преку платформата.
4. Авторски права и дозвола за користење
Со испраќање придонес потврдувате дека сте автор на материјалот, дека ги поседувате потребните авторски права, или дека имате јасна дозвола од носителот на правата да го испратите материјалот на Везилка.
Со испраќање придонес ѝ давате на Везилка неексклузивна, бесплатна дозвола да го чува, обработува, проверува, прилагодува, објавува, вклучува во податочни множества и користи придонесот за целите наведени во овие услови.
Податоците се чуваат онолку долго колку што е потребно за целите наведени во оваа политика, додека постои активна корисничка сметка, за работа на платформата, за зачувување на прифатените јазични ресурси, за истражувачки и архивски цели, или додека постои законска основа да се чуваат.
5. Јавно достапни податочни множества
Прифатените придонеси може да станат дел од јавно достапно или отворено податочно множество на македонски јазик. Таквите податочни множества може да бидат достапни за истражувачи, образовни институции, јавни организации, развивачи и други корисници, во согласност со правилата на платформата и применливата регулатива.
Кога е разумно возможно, Везилка ќе настојува да не објавува лични податоци поврзани со Вашиот профил заедно со придонесот, освен ако самите не сте избрале јавно признание или такво објавување е јасно наведено.
6. Користење за вештачка интелигенција
Донираните податоци може да се користат за развој, тренирање, тестирање, евалуација и подобрување на јазични технологии и модели за вештачка интелигенција, вклучувајќи системи за препознавање говор, препознавање ракопис, обработка на текст, пребарување, превод и други алатки поврзани со македонскиот јазик.
Со доставувањето на Вашиот придонес, потврдувате дека разбирате дека Вашата донација може да биде користена за поддршка на развојот, подобрувањето и унапредувањето на технологии и поврзани технолошки решенија за обработка на македонскиот јазик.
7. Забранета содржина
Субјектот на лични податоци не смее да доставува содржини кои се незаконски, навредливи, клеветнички, доверливи или приватни по својата природа, како и содржини кои припаѓаат на трети лица без нивна претходна согласност или друг соодветен правен основ.
Да не се доставуваат матични броеви, адреси, телефонски броеви, медицински податоци, финансиски податоци, документи за идентификација, приватна преписка или други чувствителни информации.
8. Анонимни придонеси и кориснички сметки
Везилка може да дозволи придонеси без отворање сметка. Анонимните придонеси се ценети, но тие нема да може секогаш да се поврзат со Вас заради поени, историја на придонеси или јавна благодарност.
Ако отворите сметка, платформата може да го поврзе Вашиот придонес со Вашиот профил за цели како проверка, статус на донација, поени, ранг-листа и комуникација со Вас.
9. Проверка и отстранување содржина
Везилка може да прегледува, одбие, измени, анонимизира или отстрани придонес ако постои сомневање дека ги прекршува овие услови, законот, авторските права, приватноста на трети лица или целите на платформата.
10. Точност и достапност
Везилка не гарантира апсолутна точност на автоматски препознаен текст, транскрипции или други резултати генерирани преку платформата. Целта е преку заеднички придонес да се подобрува квалитетот, прецизноста и употребливоста на дигитализираните материјали.
Платформата може повремено да биде недостапна поради одржување, технички проблеми или надградби.
11. Измени на условите
Везилка може да ги ажурира овие услови кога е потребно. Новата верзија ќе биде објавена на платформата. Продолжувањето со користење на платформата по објавување на измените значи дека ги прифаќате ажурираните услови.
12. Контакт
За прашања во врска со овие услови, контактирајте нѐ на doniraj@vezilka.ai.