Политика за приватност
1. Вовед
Везилка е проект на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со седиште на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 16, Скопје, Република Северна Македонија, тел. за контакт 02/3070 377, веб-локација: www.finki.ukim.mk
Оваа политика објаснува кои податоци ги собираме, како ги користиме, кој може да има пристап до нив и кои права ги имате.
2. Кои податоци се собираат
Ако отворите сметка, може да собереме име и презиме, корисничко име, е-пошта, лозинка во заштитен облик, информации за Вашиот профил, поени, статус на придонеси и технички информации потребни за работа на платформата.
Кога испраќате придонес, го чуваме самиот придонес, како текст, аудио снимка, ракопис, скениран документ, фотографија, исправка, транскрипција или други јазични материјали. Може да чуваме и дополнителни информации што самите ги внесувате, како дијалект, регион, тип на материјал или опис.
За дел од придонесите не е потребна сметка. Сепак, и анонимно испратената содржина може да содржи лични податоци ако самите ги внесете во текст, документ, слика или аудио снимка.
3. Цел на користење на податоците
Податоците се користат за работа на платформата, проверка и обработка на придонеси, водење профили, прикажување поени, комуникација со корисници, информирање на јавноста, безбедност, спречување злоупотреби и подобрување на услугата.
Содржината на прифатените придонеси може да се користи за создавање јавно достапни или отворени податочни множества на македонски јазик, како и за образование, истражување, дигитални архиви, развој на јазични технологии и тренирање, тестирање и подобрување на модели за вештачка интелигенција.
4. Јавно објавување на придонеси
Прифатените придонеси може да бидат објавени или вклучени во податочни множества достапни за јавноста, истражувачи, образовни институции, развивачи и други корисници. Тоа може да вклучува текст, коригиран текст, транскрипции, аудио снимки, ракописи или други материјали, зависно од типот на придонес.
Пред јавно објавување, Везилка ќе настојува да ги одвои податоците од корисничката сметка кога тоа е разумно возможно. Сепак, некои типови содржина, како аудио снимки или скенирани документи, може сами по себе да содржат информации преку кои некое лице може да биде препознаено.
Локации каде ќе бидат објавени податоците со кои се дава придонес на Везилка се: веб-страница на Везилка, социјални мрежи, извештај, билтен, медиуми.
5. Аудио снимки и ракописи
Аудио снимките може да го содржат Вашиот глас. Гласот може да биде личен податок, бидејќи во одредени случаи може да овозможи препознавање на лице. Со испраќање аудио придонес потврдувате дека разбирате дека снимката може да се користи за јазични ресурси, истражување и развој на говорни и AI технологии.
Ракописите и скенираните документи може да содржат имиња, потписи, адреси или други лични информации. Ве молиме не испраќајте материјали што содржат лични податоци на други лица без нивна дозвола.
6. Кој има пристап до податоците
Пристап до кориснички податоци може да имаат овластени администратори, истражувачи и технички лица поврзани со Везилка, само кога тоа е потребно за работа, проверка, безбедност или развој на платформата.
Податочните множества создадени од прифатени придонеси може да бидат достапни за поширока употреба, во согласност со целите на платформата, условите за користење и применливите закони.
Вашите лични податоци не се предмет на продажба, ниту се користат за профилирање или таргетирање во рекламни цели.
7. Правна основа и согласност
Обработката на личните податоци се врши врз основа на нивно доброволно доставување од страна на субјектот на лични податоци, која е неопходна за овозможување и користење на платформата. Со самото постоење на легитимен интерес за одржување на безбедноста, стабилноста и квалитетот на услугата се исполнуваат и предвидените законски обврски.
За одредени активности, како испраќање придонес, јавно вклучување во податочно множество или користење за развој и тренирање на AI модели, може да побараме Ваша изречна согласност преку поле за потврда.
8. Чување на податоците
Податоците се чуваат онолку долго колку што е потребно за целите наведени во оваа политика, додека постои активна корисничка сметка, за работа на платформата, за зачувување на прифатените јазични ресурси, за истражувачки и архивски цели, или додека постои законска основа да се чуваат.
Ако ја избришете сметката, податоците поврзани со профилот може да бидат избришани или деактивирани. Придонесите што веќе се прифатени, обработени, анонимизирани или вклучени во податочно множество може да останат достапни без директна врска со Вашата сметка, освен ако законот не бара поинаку.
9. Пренос на лични податоци
Личните податоци може да бидат пренесени или ставени на располагање на трети лица единствено кога тоа е неопходно за исполнување на целите за кои се собрани, за користење и одржување на платформата, за обезбедување техничка поддршка, за исполнување договорни или законски обврски, како и кога постои друг соодветен правен основ согласно применливата регулатива за заштита на личните податоци.
10. Безбедност
Се преземаат соодветни технички и организациски мерки со цел да се запазат начелата на: доверливост, интегритет и заштита на личните податоци. Лозинките не се чуваат во читлив облик, а комуникацијата со платформата се обезбедува преку современи безбедносни механизми и релевантни технички стандарди.
И покрај преземените мерки, ниту еден информациски систем не може да гарантира апсолутна безбедност. Поради тоа, субјектите на лични податоци се повикуваат да не доставуваат чувствителни, доверливи или строго приватни информации преку платформата, освен доколку тоа е неопходно и соодветно предвидено со целта на користењето.
11. Вашите права
Согласно применливата регулатива за заштита на личните податоци, субјектот на лични податоци може да ги оствари своите права во однос на обработката, вклучително и правото на пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, преносливост на податоците, како и правото на приговор против одредени активности на обработка.
Кога обработката се заснова на согласност, имате право да ја повлечете согласноста.
Повлекувањето на согласноста не влијае на обработката што била извршена пред повлекувањето. Во некои случаи, придонесите што веќе се објавени, анонимизирани, агрегирани или вклучени во податочно множество може да не може целосно да се повлечат.
12. Малолетни лица
Ако сте малолетно лице, користете ја платформата само со знаење и дозвола од родител или законски старател. Везилка може да одбие или отстрани придонеси ако постои сомневање дека се испратени без потребна согласност.
13. Измени на политиката
Оваа политика може повремено да се ажурира. Новата верзија ќе биде објавена на платформата, а значајните промени може да бидат дополнително истакнати.
14. Контакт
За прашања, барања или повлекување согласност, контактирајте нѐ на doniraj@vezilka.ai.